Раст на извозот во првите пет месеци

Bez autora
Jul 06 2025

Вкупната вредност на извозот на стоки од земјава, во периодот јануари – мај 2025 година, изнесува 3,3 милиони евра и бележи пораст од 3,2 проценти во однос на истиот период лани.

Само во мај е забележан раст на извозот од 23,44 проценти. Вредноста на увезената стока, пак, во првите пет месеци е 4,6 милиони евра, што е за еден процент повеќе во споредба со претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – мај 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина, кои учествуваат со 47 проценти во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60.7 проценти во вкупната размена.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik